Вујовиќ по исклучувањето на Вардар од фајнал-фор турнирот: Ова е срамна одлука

Ракометарите на Вардар вчера вечерта загубија од ППД Загреб во реванш четвртфиналниот дуел од СЕХА лигата со 25:22 и обезбедија пласман на завршниот турнир кој ќе се игра во Задар, но потоа вардарци доживеаја шок, беа исфрлени од фајнал-фор турнирот поради позитивен тест на коронавирус кај еден ракометар.
Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ вели дека одлуката да се осфрли Вардар од фанјал-фор турнирот поради позитивниот тест на Борко Ристовски е срамна.
На местото на Вардар, Извршниот комитет на СЕХА лигата одлучи на завршниот турнир да настапи екипата која е елиминирана од „црвено-црните“, ППД Загреб.
– Каква срамота. Велат дека е позитивен само Борко додека за седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцина, па се критични. Сакавме да го повториме тестот, но не ни дозволија. Сите имаме ПЦР тестови, баравме да направиме повторно. Сакав дури да играм и со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но и тоа не ни го дозволија – вели Веселин Вујовиќ во изјава за српски „Журнал“.
Коронавирусот го спречи Вардар да игра на Ф4 турнирот во Задар
Потоа се огласи и СЕХА лигата која ја образложи својата одлука.
– По интерната расправа, Извршниот одбор ја провери документацијата и препораките и се согласи дека здравјето на учесниците не смее да се загрози. Поради сето тоа одлучено е Вардар да биде исклучен од Ф4, а неговото место да го заземе ППД Загреб поради тоа што играше во четвртфиналето и беше најдоброрангиран тим во регуларниот дел од сезоната – соопштија од СЕХА лигата.
По ваквата во најмала рака чудна одлука на СЕХА, Вардар остана без деветтото учество на фајнал-фор турнирот.
СЕХА: Вардар на Ф4 турнирот во Задар, за финале против Мешков Брест