ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Талибанци убиваат авганистански војници кои веќе се предале

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

Американски Си-Ен-Ен денеска објави снимки од ужасното убиство на авганистанските војници од страна на Талибанците. На снимките може да се слушне како Талибанците бараат од Авганистанците да се предадат. Невооружените војници откако ја напуштиле зградата, веднаш се предале, но и покрај тоа тие биле застрелани од страна на Талибанците. 

Талибанците на 16-ти јуни во градот Дават Абад, убиле членови на специјалната единица на Авганистан. Си-Ен-Ен објави неколку снимки од убиствата на Авганистанците, кои се навистина загрижувачки. 

Сведоците на убиствата велат дека војниците по жестока борба за задржување на градот останале без муниција, по што Талибанците брзо ги убиле. 

Од Црвен крст потврдија дека има 22 мртви авганистански војници.  

Борбата во Авганистан продолжува, Талибанците се повеќе притискаат, откако изминативе недели скоро сите странски војски ги напуштија базите во Авганистан. 

Видео на денот