ВИДЕО: Возач на 22-ка остави полн автобус патници и си замина, на патничка ѝ рекол: „Седни ми во скут, па вози“

Возач на приватен автобус со број 22 утрово остави полн автобус со патници во населбата Даме Груев, револтиран од метежот од средношколци кои настојуваа да се качат во возилото, оти доцнеа на првиот училиштен час.
Патниците што стоеја на станицата револтирано велеа дека претходните два автобуса на распоред не дошле и сакаа да се качат во автобусот.
Возачот, немајќи капацитет да се справи со ситуацијата излезе од автобусот и си замина, оставајќи го возилото и стотина патници среде улица.

Дел од патниците веднаш повикаа полиција, ама полицијата не сакаше да дојде. Според патниците, од полицијата им одговориле дека тоа не е нивна работа!
Еден патник посведочи дека револтирана патничка додека возачот стоеше во возилото му рекла: „Ајде вози, доцниме“, на што тој ѝ одговорил: „Седни ми во скут, па вози“.