Војната во Украина го намали наталитетот за 28%

борби Украина/Фото: ЕПА

Војната во Украина ја намали стапката на наталитет во земјата за 28 отсто, покажуваат официјалните статистички податоци, пишува BBC. Во првите шест месеци од 2023 година, родени се 96.755 деца, за разлика од 2021 година каде во првата половина се родија 135.079 бебиња.

Иако бројот на новороденчиња е во опаѓање во изминатата деценија, ова е најголем пад откако Украина се избори за својата независност во 1991 година.

Населението на Украина беше над 43 милиони пред војната, но скоро шест милиони оттогаш избегаа, велат од ОН.

Пред Русија да ја нападне Украина, секој месец во Украина се раѓаа околу 23.000 бебиња, а сега е сведено на околу 16.000.

Во првата половина на 2023 година, бројот на родени момчиња изнесувал 49.626, додека  бројот на родени девојчиња изнесувал вкупно 47.129.

Последниот пат голем пад во стапката на наталитет на Украина имаше кога Русија го нападна и присвои Крим во 2014 година. Следната година, бројот на новороденчиња падна за 12 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот