„Воините“ ја добија битката за Западот (ВИДЕО)

Голден стејт вориорс со победата над директниот конкурент Денвер нагетс од 116:102 речиси сигурно го обезбедија првото место во Западната конференција. „Воините“ имаат две победи повеќе од Денвер, но и подобар меѓусебен скор и ќе стартуваат од првата позиција во плејофот. Најзаслужен за победата беше Демаркус Казнс со 28 поени, 13 скокови и 5 асистенции, играјќи го најдобриот натпревар откако дојде во Голден стејт.
Расел Вестбрук во победата на Оклахома сити од 119:103 над ЛА Лејкерс оствари нов трипл-дабл. Вестбрук натпреварот го заврши со 20 поени, 20 скокови и 21 асистенција, станувајќи вториот кошаркар во историјата по Вилт Чембрлен кој остварил трипл-дабл со повеќе од 20 поени, скокови и асистенции.
Резултати:
Голден стејт – Денвер 116:102
Сакраменто – Хјустон 105:130
Сан Антонио – Атланта 117:111
Оклахома сити – ЛА Лејкерс 119:103