Внимавајте со старите зачини!

Многу од зачините што ги имате во кујната веројатно веќе не се за употреба бидејќи се одамна отворени, го изгубиле вкусот и нема да му ја дадат аромата што ја очекувате.

Повеќето сушени зачини имаат рок три години. Некои пак изветрејуваат побрзо, па треба да се тестира нивниот вкус веќе после една година. Затоа купувајте мали колични.

Кога купувате лешници, бадеми, ореви, не заборавајте дека имаат рок на траење неколку месеци ако ги чувате на собна температура и една година во замрзнувач.

Исчистете го замрзнувачот. Храната го губи вкусот ако предолго стои замрзната.

Експертите препорачуваат 4 до 12 месеци за говедско, пилешко и свинско, а за повеќето подготвени јадења рокот е еден месец до половина година.

Видео на денот