Влез на плажа во Аруба чини 99 долари, а има и зошто

Плажа во Аруба која излегува на кристалното Карипско Море е една од најретките и најнесекојдневни атракции за туристите кои доаѓаат во посета на оваа земја.

Покрај чисто море и големи песочни плажи, туристите имаат можност да се дружат со фламинга. Плажата „Фламинго“ е поделена на два дела, од кои едниот е наменет за семејства со мали деца, додека вториот е само за возрасни. Во вториот дел, фламингата шетаат слободно по плажата.

Птиците од оваа област веќе се целосно навикнати на туристите и се многу питоми. Влезот на оваа плажа чини 99 долари, со вклучен коктел и ручек.

Видео на денот