„Виша сила“ виновник затоа што не работел сајтот на ДИК

Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија, денеска истакна дека нивниот сајтот не работел порад и „виша сила“.
– Имавме одредени технички проблеми, се работи за виша сила и ги надминавме тие проблеми, сега сајтот на ДИК работи – изјави Оливер Дерковски.
Извештаите на претседателските канидатите за тоа колку пари потрошиле во кампањата не беа објавени на ДИК, бидејќи не функционираше веб страницата.
Антикорупциската комисија веќе ги објави на својот сајт извештаите на Стево Пендаровски и Блерим Река.