ВИДЕО: Тело виси од американски хеликоптер управуван од талибанците

Талибанците летаат американски хеликоптер на кој виси тело/ Фото Twitter Screenshot

Американските сили синоќа ја завршија евакуацијата од Авганистан, а оставија тие неколку воени хеликоптери и авиони на аеродромот во Кабул, па талибанците се решија да ги летаат над главниот град.

Тој арсенал на американската војска беше наменет за авганистанската војска, пред талибанското преземање.

Талибанците ги летаа хеликоптерите, но од снимките може да се види дека тие немале соодветни пилоти за тоа летање. На нивна среќа, тие без никаква штета ги спуштиле хеликоптерите. Тие го летале хеликоптерот „Црн Јастреб“.

„Нашите воздухопловни сили! Во моментов, хеликоптери на воздухопловните сили на Исламските Емирати летаат над градот Кандахар и патролираат низ градот”, пишува во описот на другото видео, објавено истиот ден, на кое очигледно се гледа истиот воен хеликоптер во лет.

Особено е алармантно што ова видео прикажува и човек како виси на хеликоптерот, најверојатно врзан со јаже.

Од снимката, поради слабиот квалитет, не е јасно дали можеби станува збор за талибански борец што доброволно виси од хеликоптерот или е обесена некоја талибанска жртва. Но, второто објаснување изгледа поверојатно, а тоа го посочија и многу коментари на социјалните мрежи, вклучувајќи го и американскиот сенатор Тед Круз.

Видео на денот