Видео: Се подготвува второто востание против Талибанците: Авганистанската војска не е поразена

На социјалните мрежи вчера се појави видео на Ахмад Масуд како тој влегува во во хеликоптер,и заедно со соработницитее се упати кон долината Паншир, на самата граница на Авганистан со Таџекистан каде планира да ги собере сите племиња и преостанатата војска да му се придружат во покренувањет на таканареченото „Второто востание“ против талибанците.

Отпрвин се веруваше дека снимката е направена на тајна локација. Сепак се покажа дека снимката е направена во неделата на аеродромот во Кабул, каде Ахмад Масу помладиот , одлучи да го напушти градот и да одлета право во долината Паншир.

Неговот заминување се случи во време кога политичките истомисленици и соборците на неговиот татко Ахамад Шах Масуд, кој е познат под прекарот „Лавот од Паншир“, им ја предадоа власта на Талибанците.
Наспроти нив тој одлучи да го напушти градот и да лета прво на непозната локација, а потоа во долината Паншир.

Некои ќе прашаат зошто долината Паншир. Одговорот е едноставен дека територијата е единствена во целиот Авганистан каде што талибанските борци никогаш не стапнале уште од 1990 -тите. Талибанците тогаш, како и советските војници во четирите офанзиви, сакаа да ја нападнат и да ја заземат таа територија. Таџикистанците им приредија топло добредојде и ги поразија.

Вчера, по 20 години, повторно се вееше знамето на Северната алијанса, која ја освои моќта на крилјата на американските стратешки бомбардери и командоси во ноември 2001 година,
Тогаш многу талибанци пред се поради добрата заработувачка застанаа на страната на падната влада во Кабул.

Во меѓувреме, се чини дека прогласувањето на Таџик и Масуд Јуниор, кој беш дете , кога бомбашите самоубијци го ликвидираа неговиот татко, се прошири насекаде од долината Паншир кон останатите делови на Авганистан.

 

Снимките што се појавија покажуваат дека повикот бил прифатен сериозно и дека не сите авганистански војници се предале така лесно. Во долината пристигнаа и авганитански борбени единици со сите оклопни возила, кои ги поседуваат.

Патем, Масуд помладиот, за разлика од неговиот татко, кој беше вистински воин и природен водач и тактичар, дипломираше воено училиште. Сигурно е дека тој ќе биде водач на новата воена сила во војната со Талибанците,

Дали ќе успее да стане легенда како што тоа беше татко му … тешко е да се каже.

Новата армија на Северната алијанса првин ќе биде реорганизирана, вооружена и опремена , а потоа ќе може да започне со воени операции.

Дали Талибанците ќе ја предвидат опасноста и ќе го ќе го нападнат последното упориште на Северната алијанса, останува да се види.

Видео на денот