ВИДЕО: Промоција на „Гласаме!“, уметничка видео порака која користи факти, конкретни истражувања и извештаи

Видеото Гласаме! е креирано од Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од проектот Election Health Check на Unhack Democracy и поддржано од Европската фондација за култура и Фондацијата за слобода Фридрих Науман
Видеото Гласаме! е резултат на соработката помеѓу организациите Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и ЦИВИЛ – Центар за слобода. Соработката помеѓу овие две организации, од кои едната работи во областа на уметноста, а другата во полето на човековите права и слободи, е реализирана како дел од проектот Election Health Check во организација на невладината организација Unhack Democracy од Унгарија, со поддршка од Фондот за култура на солидарност при Европската културна фондација и Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

Основната цел на проектот Election Health Check е да произведе серија кратки видеа инспирирани од истражувањата на Unhack Democracy и други организации кои работат на изборен надзор и ги идентификуваат суштинските проблеми кои се однесуваат на изборниот интегритет, изборните нерегуларности и измами во Централна и Источна Европа и Балканот. Овој проект вклучува конкретни пораки со кои уметниците од локалниот контекст ги пренесуваат заклучоците од истражувањата на продемократските организации од земјите во кои работат.

Во процесот на создавање на видеото Гласови!, тимот на Локомотива, Скопје го покани Филип Јовановски, визуелен уметник и културен работник кој работи на социјално ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, заедно да го создадат уметничкото решение за видеото. За основата на ова видео, Локомотива ги користеше истражувањата на ЦИВИЛ кои се фокусираат на заштита на изборниот интегритет и процес.

Суштината на проектот е да се пренесе уметничка видео порака која користи факти, конкретни истражувања и извештаи направени од невладини организации кои работат како набљудувачи на демократските процеси во државата.

Повеќенационалниот проект Election Health Check е координиран од продемократската група Unhack Democracy. Проектот има за цел да произведе серија видеа создадени од креативни тимови инспирирани од истрагите на Unhack Democracy и набљудувачите на избори – Цивил (Р. Северна Македонија) и Црта (Р. Србија) за изборни нерегуларности и измами во Унгарија, Северна Македонија и Србија. Видеата се создадени од познати организации, локални уметници и активисти од овие земји кои се залагаат за солидарност и систематска промена и за заштита на изборниот интегритет со цел да се разоткрие злоупотребата на изборните процеси и гласачите. Видеата кои ќе бидат поставени на Јутјуб и социјалните медиуми и ќе бидат емитувани на неколку телевизии ќе бидат од информативен карактер и служат да ги известат гледачите за нивните граѓански права и да ги охрабрат активно да учествуваат во демократскиот процес.

Видеото Гласаме! е креирано од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од проектот Election Health Check на Unhack Democracy и поддржано од Европската фондација за култура и Фондацијата за слобода Фридрих Науман.

Фондацијата за слобода Фридрих Науман не е одговорна за содржината на ова видео или за начинот на кој истото може да биде употребено. Ставовите изразени овде се само на автор/ите. Овие ставови не ги одразуваат ставовите на Фондацијата за слобода Фридрих Науман.


Комерцијален ПР текст
Видео на денот