ВИДЕО | Портпаролот на Градот: Не е точно дека улиците се реконструираат само пред избори

Новиот мост на Вардар во Аеродром/ Фото: Слободен печат

Новиот мост што се гради во продолжение на булеварот АСНОМ ќе има шест ленти, по три во двата правци, велосипедски и пешачки патеки, ЛЕД осветлување и зеленило. Ова денеска во Утрински брифинг го изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

 Сакам да разјаснам, тоа што можеби не беше доволно јасно посочено, за да ме разберат граѓаните. Овој проект се работи во три фази. Првата фаза е пробивањето на булеварот АСНОМ, втората фаза е изградбата на мостот Михајло Апостолски, чија изградба е про крај, и третата фаза е пробивањето низ населбата Керамидница и спојувањето со мостот. Булеварот од другата страна ќе биде пуштен во употреба во јуни 2022 година и тоа го кажавме кога започнавме  со реализација на проектот. Но, мостот и пред тоа ќе биде функционален, бидејќи ќе можат да се користат секундарните улици, рече Салиху, и нагласи дека ваков мост последен пат бил направен во седумдесеттите години, коа се изградил мостот „Гоце Делчев“.

Околу реакциите на социјалните мрежи, дека мостот „води кон никаде“ и дека од мост ќе треба да се влезе во нечија куќа, Ваљон информира дека од денеска веќе ќе почне рушењето  на тие куќи за кои има направено експропријација.

Низ градот има многу тесни грла кои мора да се олабават, сметам  дека со пуштањето во употреба на овој мост,  ќе се избегне метежот во овој дел од градот. Исто така и клучката кај Момин  поток и новиот мост во Карпош ќе помогнат за намалување на гужвата во сообраќајот. Но, поттикнуваме и алтернативен превоз, затоа и на сите булевари правиме и велосипедски и пешачки патеки, додава Салиху.

Тој вели дека не се точни констатациите на дел од граѓаните дека само  пред избори се реконструираат улиците во градот.

Ние на обнова на улиците работиме веќе четири години, работевме и кога имаше карантин и кога граѓаните беа дома а улиците беа празни, работиме и сега. Не би се согласил дека улиците се реконструираат само пред избори. Но, за разлика од порано, улиците сега се реконструираат за рекордно време, се работи и навечер. Моментално се работи на околу десет реконструкции во Скопје, даде портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Проследете го целиот разговор во видеото:

ВИДЕО: Мостот кон „никаде“ на Шилегов – дел од поголем проект, од понеделник се уриваат куќите на трасата

 

Видео на денот