ВИДЕО: Оливие Њокас во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите

Оливие Њокас се разигра во второто полувреме против данскиот Алборг/Скопје, Македонија/29 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Оливие Њокас се најде во идеалниот тим на третото коло во Лигата на шампионите, денеска објавија од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Францускиот лев бек беше фантастичен на дуелот против Алборг во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, постигнувајќи седум голови од кои шест во второто полувреме.

Њокас против вицешампионот на Европа покажа дека ќе биде големо засилување за „црвено – црните“ сезонава.

Голманот на Вардаар 1961, Борко Ристовски кој исто така имаше одлична партија против Данците не се најде во тимот на колото, но затоа беше второпласиран во Топ 5 одбрани.

Изборот на ЕХФ ТВ за најдобриот тим во третото коло во ЛШ може да го погледнете ТУКА

Видео на денот