ВИДЕО | Направете плазма коцки со путер од кикиритки, прсти ќе излижете

Фото: Профимедиа

Бисквитите, односно плазмата, на секој деликатер им дава посебен вкус, па така и на овие колачи. Особено кога ќе се спои со путер од кикиритки – добивате неодолив колач, прстите да ги излижете.

Состојки:

– 300 гр мелена плазма

– 400 гр шеќер во прав

– 200 гр путер

– 300 гр путер од кикиритки

Глазура:

– 150 гр путер од кикирики

– 200 гр млечно чоколадо

– 50 гр сечкани кикиритки

Подготовка:

Во садот истурете мелена плазма и шеќер во прав. Промешајте ја смесата со шпатула.

Додадете путер од кикиритки и убаво измешајте ја смесата со рака. На крајот, додадете го растопениот путер и продолжете со мешање.

Кога убаво ќе се соедини смесата, префрлете ја на плех обложен со хартија за печење. Истурете ја смесата убаво со раката и израмнете ја со шпатула.

Оставете ја тавата да се излади во замрзнувач околу 15 минути.

Во меѓувреме, подгответе ја глазурата. Во растопеното чоколадо додадете путер од кикиритки и лесно измешајте со шпатула додека убаво не се соедини смесата.

Видео на денот