ВИДЕО | Направете го ова и билките сами ќе се полеваат неколку денови: Потребно ви е само јаже и сад со вода!

Фото: Јутјуб

Феноменална идеја која е добредојдена во периодите кога почесто се патува…

На љубителите на цвеќе голем проблем им претставува заминувањето на одмор, бидејќи тоа за нивните билки значи 10 до 20 дена без нега и што е најважно, без вода.

Главно се потпираме на пријателите, кои ќе сакаат да нè заменат, но што да правиме кога немаме таква опција?

За овој неверојатен, а едноставен трик ви се потребни само јаже и сад со вода.

Ова едноставно решение ќе ви помогне билките да останат хидрирани за време на вашиот пат.

Идејата е да имате парчиња јаже кои ќе бидат поврзани за секоја саксија, а садот наполнет со доволно вода, погледнете како всушност изгледа тоа…

 

Видео на денот