ВИДЕО | Мистериозна мачка снимена покрај пат во Хрватска

Мистериозна мачка снимена покрај пат во Хрватска / Фото Фејсбук

На социјалните мрежи во Хрватска се појави снимка од граѓани кои тврдат дека виделе црн пантер покрај пат.

Според снимките тешко е да се каже за што точно се работи, но дефинитивно се работи за некаква мачка, пишуваат регионалните медиуми. Додека некои шпекулираа дека се работи за избеган сервал, други беа сигурни дека се работи за рис.

Видеото е направено во Мрзла Водица во Горски Котар. Еден човек ја снимил мачката покрај патот и се изненадил од нејзината големина. Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи и секој имаше своја теорија за што се работи. Додека едни тврдеа дека се работи за дива мачка сервал, убедени дека е таа што наводно ја бара сопственик од Словенија, други мислеа дека воопшто не се работи за егзотично животно, туку за обична шумска мачка.

Но, некои тврдат дека тоа е сепак рис, а бидејќи ваквото однесување не е типично за нив, се увериле дека животното е болно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот