ВИДЕО | Ќе ви ги стопли срцата: 94-годишен дедо засадил цвеќиња за свадбата на својата внука

Фото: Принтскрин / ТикТок

Кога младата Кеси го започнала планирањето на свадбата, знаеше дека има една работа за која нема да се грижи, а тоа се декорациите со цвеќиња. Еден од најважните сегменти од нејзиниот посебен ден, таа му го остави на својот 94-годишен дедо, кој беше решен да го одгледува секое цвеќе кое ѝ треба во неговиот двор.

Главната боја за декорација на свадбената церемонија на Кеси беше пурпурната боја, па нејзиниот  дедо се потруди да ги одгледува најпрекрасните диви цвеќиња во неговиот двор за неа.

Тој ги избрал цвеќињата чие име е „целосија“ кои се со светло црвени цветови. Неговата градина прерасна во прекрасен избор на цвеќиња, па дури и се прошири на другата страна од неговата куќа. Така, Кеси доби многу цвеќиња за нејзиниот посебен ден, благодарение на нејзиниот грижлив дедо.

И тоа не е ни најдобриот дел. Дедото на Кеси дури ја одвел до олтарот на денот на нејзината венчавка.

Во продолжение погледнете ги видеата:

@cassiewoodard♬ I Remember Everything (feat. Kacey Musgraves) – Zach Bryan

@cassiewoodard Replying to @user2742037587339 ♬ These Memories – Hollow Coves

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот