ВИДЕО: Како Адам Сендлер успеа да го освои Нетфликс?

Филмот „Hubie Halloween“ со Адам Сендлер во главната улога е најуспешниот филм на Нетфликс во 2020 година, тој постигна извонреден успех иако излезе на 7-ми октомври.
Сендлер во филмот го игра губитникот кој на крајот станува најголема надеж за заедницата откако ќе ги снајде морничавата Ноќ на вештерките.
Иако критичарите не му беа наклонети на филмот, се чини дека публиката не го дели нивното мислење. Според „Variety“ овој филм стана најгледаниот оригинален вилм на Нетфликс во Соединетите Американски Држави од сите филмови кои излегоа меѓу април и октомври оваа година.
Единствен филм кој има повеќе прегледи е полскиот филм „365 Days“, кој стана глобална сензација.

Успехот на „Hubie Halloweena“ веројатно е резултат на неколку работи, како што е времето на објавување, бидејќи повеќето луѓе поради пандемијата на коронавирусот се во својот дом. Факт е и дека се снимаат се помалку филмови со таква тематика и гледачите од година во година им се навраќаат на старите филмови.