ВИДЕО: Јовиќ и Окафор за пресврт на Милан против Удинезе

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Милан славеа на гостувањето кај Удинезе со 3:2 (1:1) во натпреварот од 21 коло во Серија А.

Водечкиот погодок за Милан го постигна Лофтус-Чик во 31 минута, а израмни Самарџиќ во 42 минута.

На стадионот „Фриули“ во Удине дојде до прекин поради расистички навреди од трибините упатени кон Мајк Мањан поради што голманот на Милан го напушти теренот.

Товин во 62 минута донесе предност за домаќините, а во 83 минута „росонерите“ израмнија преку Јовиќ. Конечниот резултат го постави Окафор во третата минута од судиското надополнување.

Моментно на табелата во италијанскиот фудбалски шампионат Милан е на третата позиција со 45 бодови, додека Удинезе е на 17 место со 18 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот