ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Рашити: Тетоважи со к’на, мурали и калиграфски пораки во Старата скопска чаршија
„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и со тоа да ја продолжи традицијата. Со тоа ќе ги спаси дуќаните од трајно затварање.
Семра Рашити е калиграф, уметник кој прави слики кои носат одредена порака. Слика и мурали, работи со к’ на. Калиграфија е убаво пишување. Со калиграфија се пишуваат мотивациски зборови, имиња, пораки. Во Скопската чаршија е од скоро, имала дилема дали да почне да работи тука бидејќи има многу малку жени што работат тука во Чаршија. Семра е млада девојка, студентка по архитектура, но студира и уметност. Сакала да отвори дуќан во Чаршијата, некој занает кој го нема.
-Гледав во Чаршијата се отвараат кафулиња, бутици, но видов дека тоа што е вистинско за чаршијата почна да го снемува, занаетите одумираат. Не можам тие занаети да ги вратам бидејќи се занимавам со неколку видови на уметност, се занимавам со калиграфја, со к’на за раце која доаѓа од индиската култура, исто така сликам мурали, но можам да го искористам тоа што го знам- вели Рашити.
Таа прави и слики со калиграфија, исламска калиграфија, слики кои даваат некоја порака. Таа се фокусира само на пораката која е испратена, а не за стилот на работа. Идејата за овој занает потекнала кај неа во ек на пандемијата на ковид.
– Почнав со сликање кај мене дома, соседот ми изгради зграда до мојот прозорец и ми го блокираше погледот. Така на прозорот во мојата соба нацртав слика која емитираше убав поглед надвор. Тоа беше и почетокот на мојата идна професија- вели Рашити.
За калиграфијата вели дека е добро пишување или убаво пишување.
-Со калиграфија се пишуваат мотивациски зборови, тоа е убаво пишување и кога го гледаме ни создава убаво чуство. Се дели на неколку дела, на готска, англиска, турска, ориентална и исламска калиграфија каде што со арапски букви се пишуваат реченици. Кај нас се користи ориенталната калиграфија, повеќе се користат имиња, доколку даваме на некого подарок секој сака своето има да му биде убаво напишано. Со убаво пишување се создава убав подарок- вели Семра.
Пишува со маркери или со четка, калиграфијата се пишува со маркер и се пишува со специјални пера и со четка, но оригинално е со перо.
Важно за калиграфијата е перото да е на косо и исечено на страна за кога ќе го користиме, треба од прилика под агол од четриесет и пет степени да го држиме, да можат буквите поубаво и попрецизно да се напишани- вели Семра.
Жали што пред неколку години не била на предавањата на професор од Турција што учел многу студенти на калиграфија. Нема професионална обука, но секој ден учи.
Целото интервју на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете го тука:
Во петок очекувајте го интервјуто со ковачот Ибраим Зекир и неговата приказна за рачно изработен алат во ковачката работилница.