ВИДЕО | И јахтата на бившиот на Северина изгоре во страшниот пожар кај Сплит: Милан Поповиќ се огласи

Фото: Приватна архива

Во пристаништето Каштела во Каштел Гомилица, Хрватска, синоќа, на 29 мај, околу 20:15 часот избувнал пожар на повеќе бродови.

Пожарот избувнал на 15-метарска јахта, по што се проширил и на околните бродови, што резултирало со пет целосно уништени јахти.

Еден од нив му припаѓа и на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, поранешниот партнер на хрватската пејачка Северина.

Милан Поповиќ кратко потврдил во телефонскиот разговор за „24сата.хр“ дека неговата јахта изгорела во пожарот во Каштела.

– Да, и мојата јахта изгоре – потврдил претприемачот Поповиќ за „24сата.хр“

Да потсетиме, пожарот започнал во саботата вечерта од пристаништето во марината во Каштел Гомилица, каде беа закотвени најголемите и најскапите бродови. Два брода целосно потонале. Пет од нив се уништени.

– Ова е невидена катастрофа во нашите марини – рекол судскиот вештак за бродоградба Синиша Бакаља.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани сите расположливи пожарникарски единици од каштелската и сплитската област.

Пожарникарите од теренот известиле дека меѓу нив нема повредени.

 

Видео на денот