ВИДЕО | Докторка на протестот во Скопје: Вирусот не постои

Антиковид протести фото фејсбук

Вирусот  не постои, еве јас пијам од шише, не знам чиво е. Нема ковид, јас сум лекар…“ изјави на вчерашниот граѓански протест против новите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, жена која се претстави како докторка.

-Додека лекарите деноноќно се борат против вирусот и спасуваат животи, антиваксерка на протест се претставува како лекар: „Вирус не постои… Еве јас пијам од шише, не знам чиво е… Нема ковид, јас сум лекар…“

Ако е лекар, под итно да и се одземе лиценцата, а ако не е, да и се стегне кривична пријава за лажно претставување, пишува во објава на фејсбук профилот Сеир.

Протестот се одржува по трет пат во главниот град Скопје, а граѓаните на собирот пред Собранието упатуваат порака дека секој има право сам да избира дали ќе се вакцинира. Организаторите најавуваат дека ваквите собири ќе станат секојдневие доколку вакцината стане задолжителна пропусница за нормален живот и движење.

Видео на денот