ВИДЕО: Чупиќ во тимот на колото на ЛШ, како најдобар десен бек!

Вистинската позиција на Хрватот е десно крило, но поради ситуацијата во Вардар 1961 немајќи и натаму решение да се најде класичен десен бек.
Марко Вујин не е повеќе во составот, тука е младиот, но не доволно искусен за големите мечеви во Лигата на шампионите и со минутажа која е ретка, Томислав Јагуриновски, а Јосип Векиќ воглавно настапува во одбранбениот дел.
Па така, веќе подолг период целата тежина на позицијата десен бек е на Иван Чупиќ кој и покрај промената, одлично се снаоѓа и во таква улога.
А тоа го покажа и на гостинскиот натпревар во Унгарија против Пик Сегед како прв стрелец со девет голови.
Таквите нови одлични перформанси ги препозна и ЕХФ кој го смести во тимот на колото во ЛШ.
Видео на денот