ВИДЕО | Борба за лежалки во Ханиоти | Српски туристи како во стампедо за први редови покрај морето

Фото: Принтскрин / Youtube

Жестока утринска борба за лежалки се случи на плажа во Ханиоти, мирен туристички град кој е лоциран во источниот дел на полуостровот Касандра, Халкидики – Грција. Имено, српските туристи, како во стампедо, трчаа штом се отвори плажата за да ги завземат најдобрите места во првите редови покрај морето.

Снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи, а корисникот што ја објавил во описот навел дека станува збор за српски туристи, а во еден момент се слушна како некој довикува „застани“.

Видеото јасно покажува како туристите, штом се отвори плажата, почнуваат да трчаат без да гледаат каде одат. Една жена додека брзаше изгуби рамнотежа и падна на глава, но на никој од присутните не пријде да и помогне.

Видео на денот