ВИДЕО | Баба од Грција го „спушти“ на земја славниот готвач: Гордон Ремзи поцрвене од срам

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кога старица од грчкиот остров Санторини ја критикува вашата храна

Една постара жена на Санторини на урнебесен начин ја дала својата оценка за кулинарските вештини на славниот готвач Гордон Ремзи – лоша рецензија за салса „верде“ што се подготвува за јадење со ракчиња.

Светски познатиот готвач во рамките на својата емисија со двајца колеги патува низ Грција и готви автентични локални јадења. Во една епизода, се нашол на популарниот грчки остров Санторини, каде што побарал од една баба да го проба сосот што тој го направил.

Ремзи направил сос од салса верде (зелена салса), од состојките што се карактеристични за Санторини, со цел да го доврши јадењето од ракчиња, кое исто така тој го приготвил.

Кога завршил, сосема самоуверено, сосот ѝго понудил на мештанката и бил убеден дека ќе ѝ се допадне, но неочкувано, од жената немало позитивна реакција.

Двајцата готвачи, кои патуваат и готват со Ремзи Џино и Фред, исто така беа изненадени, а по неколку секунди едниот од нив вели:

„Не ѝ се допаѓа, но не знае како да го каже тоа.“

– Си ставил премногу сол – вели конечно, предизвикувајќи лавина од смеа. Ремзи исто така се смее, но црвенилото на неговото лице доловува дека не му баш пријатно.

Сепак, славниот готвач признава дека не ја проценил добро количината на сол во капарите кои ги додал во сосот, па се правда со изјавата дека ги нема во Шкотска.

– Сепак, ќе додадам малку шеќер и лимон и да завршам тоа – заклучи Ремзи.

Видео на денот