Виц на денот: Бурек

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Мечокот си купил бурек, и отишол да си ги измие рацете, за тоа време некој му го украл бурекот.
– Ах да го фатам мангупот, тешко него!
Во близина се нашла лиската.
– Лиске мори, кажувај кој ми го дрпна бурекот?
– Не го видов најдобро, ама имаше големи уши.
Во тоа време влегува зајкото дома целиот задишан:
– Брзо залижувајте ги ушите со гел, магарето гадно ќе се зезне!

Видео на денот