Ватерполистите на Србија убедливи против Црна Гора во Токио

Ватерполо репрезентацијата на Србија во рамките од групната фаза на Олимпискиот турнир во Токио со 13:6 беше подобра од Црна Гора.
Најефикасен во победничките редови беше Филип Филиповиќ со три голови, а истиот учинок кај поразените го имаше и Александар Ивовиќ.
Мечот на двете селекции беше борба за третото место во групата „Б“, зад Шпанија и Хрватска. Досега двете репрезентации остварија по два триумфи и порази.
Србија во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Италија, додека Црна Гора за противник ја има Грција.
Унгарците го чекаат второпласираниот од групата „Б“, Шпанија или Хрватска, додека првопласираниот од истата група ќе налета на САД.
Видео на денот