Ватерполистите на Србија го „потопија“ светскиот шампион за пласман во полуфинале

EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио откако денеска славеше над светскиот шампион Италија со 10:6 (5:2,4:1,0:1,1:2).

Српските ватерполисти го одиграа најдобриот натпревар на Игрите во Токио и тоа кога беше најпотебно, во нокаут фазата.

Одличната игра во одбраната со која „командуваше“ голманот Бранислав Митровиќ кој одбрани 15 од вкупно 21 упатен шут кон неговиот гол се покажа како клучна за конечниот резултат. Добрата игра во одбраната беше „наградена„ со сигурна реализација во нападот и дилемите околу победникот беа решени по втората четвртина кога Србија имаше предност од 9:3.
Противник во полуфиналето на ватерполистите на Србија ќе им биде Шпанија која со 12:8 го совлада САД.

Видео на денот