Васовски: Да дадеме сè за победа над Шкендија

Фото: ФК Вардар

Екипата на Вардар в недела (16 ч.) во четвртиот обид сезонава ќе се обиде да дојде до првиот триумф над лидерот на табелата, Шкендија.  Во претходните три натпревари Шкендија има две победи (2:0,1:0) и првиот натпревар сезонава во рамките на првото коло ремизираа играјќи (2:2).
Тренерот на Вардар, Александар Васовски, верува дека неговите избраници можат в недела на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари можат да дојдат до победата.

– Последен дерби натпревар за оваа сезона, ние сакаме да ја оствариме првата победа и мислиме на тоа. Мотивирани сме да дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Нема да се навраќаме на она што се случуваше во изминатите два меѓусебни натпревари, туку ќе мислиме само на недела. Ако против Академија Пандев имавме многу шанси кои не ги искористивме, и со тоа не дојдовме до победа, тогаш на овој натпревар ќе треба да се користи секоја шанса која ќе ни се пружи. Очекувам момците да го дадат максимумот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа – изјави Васовски за клупскиот сајт на Вардар.

Според Васоски, големото дерби треба да биде проследено од што поголем број на навивачи.
– Станува збор за дуел на двете најдобри екипи во моментов, и тоа нека биде доволен мотив за публиката да дојде во што поголем број во недела – вели Васоски.

Видео на денот