Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Бутел

Вардар 1961 ја забележа петтата победа по ред во домашниот ракометен шампионат/фото: Слободен печат / Драган Митрески

Играчите на Вардар 1961 предводени од тренерот Веселин Вујовиќ денеска продолжија со успешните игри и победи сезонава во Суперлигата откако на гостински терен со 27:34 славеа над Бутел.

„Црвено-црните“ во текот на целиот натпревар имаа контрола наврезултатот, вечерва настапија без првотимците браќата Њокас, Тото, Гаџа, Дијало..

По првите 10 минути од дуелот Вардар имаше минимална предност од 7:6, а веќе во 20 минута, лидерот на табелата дојде и до високи „плус шест“, 14:8. До крајот на првото полувреме, се играше гол за гол, па така на пауза се замина со предност на гостите од 19:13.

Во вториот дел Вардар исто така го контролираше резултатот во своја корист, вреди да се напомене дека по подолга пауза во составот на Вујовиќ се врати Хрватот Кудуз.

Домаќинот во продолжението од дуелот одигра подобро, па така во 48 минута имаше негатива од пет голови, 28:23. Во последните десет минути, Вујовиќ во нападот играше со млади сили, плус Кудуз кој одлично си ја завршија својата задача па така на крајот Вардар славеше нова победа во шампионатот, вкупно петта победа сезонава.

Дибиров за триумфот на Вардар 1961 придонесе со седум голови, кај домаќините истиот учинок го имаше Пуљизовиќ.

Е. Пелистер и Пролет им се вратија на победите во ракометната Суперлига

Видео на денот