Варан топ приоритет на Јувентус

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри сака „свежа крв„ во одбраната и изборот падна на Варан кој најави дека летово ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Алегри во Варан ја гледа идеалната замена за ветераните Леонардо Бонучи и на Џорџо Кјелини кои сега се предводници на одбраната.

Италијанците веќе направиле контакт со претставниците и на Варан и на Реал Мадрид но ги очекува пеколна конкуренција од англиските екипи, пред се Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челси, а цената која ја бара „кралскиот клуб“ изнесува 80 милиони евра.

Видео на денот