Валверде полн со самодоверба, Барса ќе го освои „Олд Трафорд“

Барселона се наоѓа пред одбрана на титулата во шпанската Ла Лига, има 11 бодови предност пред Атлетико Мадрид на седум кола до крајот, и целиот фокус го насочи кон настапите во Лигата на шампионите.
Каталонскиот куп првиот четвртфинален натпревар во ЛШ го игра на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, и тренерот Ернесто Валверде најави дека ќе се обидат уште на првиот натпревар да дојдат до победата која би им ги отворила портите од полуфиналето.
– Манчестер јунајтед е голем клуб кој се наоѓа во одлична форма откако ги презема Оле Гунар Солскјер. Тоа им дава мотивација. Мислам дека Барселона никогаш не победила на „Олд Трафорд“ и сега ќе се обидеме да ја срушиме оваа традиција – вели Валверде.
Иако доминираат во Шпанија, фудбалерите на Барселона со седум титули во последните 10 години, во елитното клупско натпреварување се во сенка на Реал Мадрид.
Каталонскиот тим од 2006 до 2015 година четири пати триумфираше во ЛШ, но последните три сезони шампионскиот пехар стои во витрините на Реал Мадрид.
– Мораме да се обидеме да победиме во сите натпревари до крајот, но сега сме сконцентрирани на ЛШ. Не очекува многу важен натпревар кој ако го добиеме ќе бидеме пред пласман во полуфиналето со што сме едно скалило поблиску до целта – потенцира Валверде.
Сепак, тренерот на Барселона мора да ги оправда најавите на теренот, а противникот откако ги презема Солскјер игра како препороден. Манчестер под водство на Солкјер загуби на само четири натпревари и се врати во трката за четвртото место на табелата вп Премиер лигата која пласман во ЛШ и следната сезона.