Вака изгледа типичниот автоотпад во Дубаи! (видео)

Отпадите за автомобилите ретко се поврзуваат со весело расположение. Таму се испраќаат возила кои веќе не се во можност да се возат на патиштата.

Сепак, ние сакаме да погледнеме барем еден автоотпад… како во Дубаи.

„Ferrari 458 Italia“ ќе ви посакa добредојде, а веднаш до него е и „Lamborghini Hurracan“. Сепак, двата модела се во ужасна состојба!

Овие суперавтомобили изгледаат неверојатно несоодветно на ова место. Кога ќе разбереш што им се случило, почнува да се „крши“ срцето на секој љубител на автомобили.

Еден од најинтересните примероци е новиот „Ferrari 812 Superfast“, кој исто така не е бесмртен.

Постојат уште неколку автомобили „Rolls-Royce“, „Masareti“ и „Porsche“, додека „Mercedes“ го има во изобилство.

Видеото ќе ви ја пренесе атмосферата која е необична средина за нашите простори и пошироко во светот, но целосно е вообичаена за Дубаи:

Видео на денот