УТРИНСКИ БРИФИНГ | Поцков и Сарамандов ветуваат европска Гевгелија

Кандидати за градоначалник на Гевгелија / Утрински брифинг

Поцков: Завршивме многу проекти, нудиме нови – модерна, европска и зелена Гевгелија

-Во 2017 кога бев избран за градоначалник затекнав многу лоша финансиска ситуација. Првите две години финансиски ја стабилизиравме општината. Потоа фати ковид пандемијата и дел од проектите останаа незавршени. Потребите на гевгеличани растат. Имаме нови сознанија и предизвик за кандидатурата е отпочнатитите проекти да бидат завршени, изјави за Утрински брифинг Сашко Поцков, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, на прашањето кој е предизвикот за втор мандат.

-Успеавме да ги завршиме трите капитални проекти. Гевгелија доби нов водовод, нова прочестителна станица, нова времена депонија, додава Поцков.

-Во време на пандемијата вниманието го свртеме кон здравствениот систем. Направивме дневен ковид центар. Гевгелија е и еден од градовите со модуларна болница. Го реконструиравме патот Гевгелија – Негорци, Миравци – Давидово, Богородица-Стојаково-Богданци итн… Имаме многу нови проекти за кои имаме финсиска конструкција уште од сега и ги нудиме во изборната програма 2021-2025, вели Поцков.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Сарамандов: Урбанизам, стратегија за туризам, екологија, млади и спорт – столбови за успешна Гевгелија

-Евидентно е дека во овие четири години кога со општината менаџира градоначалникот Сашко Поцков, Гевгелија стагнира во својот развој. Од програмата во 2017 година Поцков не реализираше ниту еден капитален проект и во овој мандат тој ќе остане запаметен како градоначалник во чие време се отселиле околу 1.550 млади луѓе и фамилии од општината, изјави за Утрински брифинг, Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту еден од ветените проекти Поцков не ни ги започна, единствено ги реализираше проектите кои беа започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа целосна проектна документација и финансиска конструкција, додава Сарамандов.

-Гевгелија има компаративни предности како град низ кој поминува автопатот Е-75, железницата, коридорот 10, има прекрасна местоположба. За да започне повторно Гевгелија да се развива, потребно е да се започне со реализација на капитални проекти.

-Најголем проблем според мене зошто Гевгелија не се развива овие четири години е недонесувањето на урбанистички планови. Поцков донесе само еден урбанистички план за централното градско подрачје, додава Сарамандов.

-Мојата програма се базира на четири столба – урбанизам, стратегија за туризам, екологија и зелени површини и млади и спорт.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Видео на денот