УТРИНСКИ БРИФИНГ | Димитријевиќ и Јаневски: Каква општина им треба на ѓорчепетровци

Александар Димитријевиќ и Љупчо Јаневски, кандидати за градоначалник на општина Ѓорче Петров / Утрински брифинг

– Ѓорче си ја живее својата идила и некако далеку од Скопје. Ако сакаме да возиме велосипед по велосипедски патеки тоа треба да го направиме од Влае, ако сакаме културни и урбани содржини треба да го направиме од влае. Всушност Ѓорче како уште да не е разбудено. Паркот во Ѓорче не е оддржуван и ние во нашата програма велиме дека Ѓорче треба да стане првата зелена општина во Скопје, изјави за Утрински брифинг Љупчо Јаневски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ДОМ-ЛДП.

– Ѓорче Петров е општина која има можност многу брзо да се развие доколку се појави човек кој има слух и визија за Ѓорче. Тие технички стандарди кои ги поседува општината може лесно да бидат искористливи и Ѓорче да прерасне во една самоодржлива економска заедница, изјави за Утрински брифинг Александар Димитријевиќ, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од Левица.

Целата дебата погледнете ја во видеото

Видео на денот