Украина: Мајка поради љубомора си го убила бебето

Фото: Профимедиа

Мајка од Украина наводно го пресекла грлото на своето девојче старо три недели во налет на бес и љубомора.

Според полицискиот извештај, мајката, на возраст од 21 година, го извршила злосторството кога нејзиниот 26-годишен сопруг излегол од станот.

Мајката на таткото, Мариа Момот изјавила дека нејзината снаа била љубоморна на бебето бидејќи мислела дека нејзиниот маж повеќе го сака него.

– Тој излегол на неколку минути, а таа го грабнала кујнскиот нож и му го пресекла вратот на детето. Не можам да верувам дека ова му се случи на нашето семејство – додала Момот.
Според службите кои биле на лице место, жената го прашала сопругот зошто плаче.
Осомничената не можела да објасни зошто го извршила убиството, а не можела ни да се сети што правела во текот на денот.

Таа била болна и тоа влијаело на нејзиното ментално здравје. На мајката ѝ се закануваат до 15 години затвор.

Видео на денот