УЈП објави брошура за полесно коригирање на годишните даночни пријави

Со наближувањето на први април и стартот на доставата до граѓаните на пополнетите годишни даночни пријави за остварените приходи во текот на 2018 година, Управата за јавни приходи објави брошура со која граѓаните ќе можат полесно да се регистрираат преку системот e-pdd.ujp.

Според УЈП, граѓаните регистрацијата ќе треба да ја сторат најдоцна до 30 април, а до 31 мај истите ќе може да ги коригираат или потврдат.

Брошурата што ја објави УЈП треба да ги упати граѓаните како да се регистрираат на системот за е-Персонален данок преку e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи, за приходите кои граѓаните (како физичко лице – резидент на РМ) ги оствариле во текот на 2018 година. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, УЈП од 1 јануари 2019 година изготвува пополнета годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.

Видео на денот