Убиени шефот на Хамас за безбедност и целата негова фамилија

Хамас / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Јехад Мхеисен, шеф на безбедносните сили на палестинската милитантна група, е убиен во Газа, пренесе „Би-Би-Си“, повикувајќи се на медиумите поврзани со Хамас. Исто така се наведува дека се убиени и сите членови на неговата фамилија.

Вдовицата на коосновачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси, исто така, е наводно убиена во текот на изминатата ноќ.

Тие се последните високи лица во Хамас кои го загубија животот во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како долга војна што неговата земја ја води против Хамас.

Агенцијата АФП вчера објави дека Јамила Ал-Шанте, прва жена која беше изб рана во политичкото раководство на Хамас, е убиена во израелски напад. Претходно оваа недела, израелските одбранбени сили во објава на платформата Х наведоа дека е убиен и Ајман Нофал кој е опишан како „високо позициониран во Хамс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот