Убедлив старт на Англија и Франција (ВИДЕО)

EPA-EFE/DUMITRU DORU

Светскиот шампион Франција со убедлива победа во Кишињев ги стартуваше квалификациите за пласман на ЕП 2020. „Триколорите“ го победија домаќинот Молдавија со високи 4:1 благодарение на головите на Антоан Гримман, Рафаел Варан, Оливие Жиру и Килијан Мбапе. Почесниот гол за домаќинот беше дело на Амброс во самиот финиш од натпреварот.

Импресивен старт на квалификациите имаше и Англија која на „Вембли“ со убедливи 5:0 ја декласира Чешка. Најзаслужен за високата победа беше Рахим Стерлинг, кој постигна три гола, а во листата на стрелците се запиша уште и Хари Кејн со голот од пенал, додека конечниот резултат го постави Томас Калас кој ја внесе топката во својата мрежа.

Резултати:

Група А
Бугарија – Црна Гора 1:1
Англија – Чешка 5:0

Група Б
Луксембург – Литванија 2:1
Португалија – Украина 0:0

Група X
Албанија – Турција 0:2
Андора – Исланд 0:2
Молдавија – Франција 1:4

Видео на денот