Уапсена жената која ја изгладнувала лавицата Кики: Имала егзотични полжави во станот
Полицијата на Суботица ја пронашла жената која ја изгладнувала малата лавица Кики, која беше пронајдена покрај пат во Србија, а подоцна почина во зоолошката градина Паличќ.
При претресот на станот што го користела осомничената, полицијата пронашла и 18 африкански албино џиновски полжави, кои се забранети за чување и кои и биле одземени и сместени во зоолошката градина Палиќ.
Малата лавица Кики беше пронајдена како лута во лоша состојба во близина на Суботица на крајот на септември, а вработените во зоолошката градина Палиќ се грижеа за лавицата и ја сместија во нивното засолниште. За жал, младата лавица Кики почина на 6 октомври околу 21 часот и покрај сите напори на ветеринарите да ја опорават.
Припадници на МВР во Суботица по наредба на Основниот јавен обвинител во Суботица ќе поднесат кривична пријава против триесет и тригодишната жена од Суботица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела убивање и злоупотреба на животни и уништување, оштетување, изнесување во странство и внесување во Србија заштитено природно богатство.
Зоолошката градина Палиќ: Почина лавицата Кики која беше најдена покрај пат во Србија
Зоолошката градина Палиќ: Лавицата Кики страда, вакви животни не можат да се чуваат како миленици