Твитер „војна“ помеѓу Овче Поле и Осогово

Принтскрин: Твитер

Денеска во Кочани во 15:30 часот се игра дербито на колото помеѓу ГФК „Осогово“ и ФК „Овче Поле“, две екипи кои се најсериозни за влез во Втората лига. ФК „Осогово“ е на првото место кое води директно во Втора лига а ФК „Овче Поле“ заостанува со 3 поени.

На денешниот натпревар публиката најверојатно не може да очекува атрактивен европски фудбал, но на трибините може да се очекува доза на сеир од светски ранг, кој претходно управите на двата клуба ја најавија на Твитер.

Од „Овче Поле“ се пожалија на условите на стадионот во Кочани.

Принтскрин: Твитер

Од „Осогово“ го претставија тренинг кампот на Овче Поле.

 

Принтскрин: Твитер

„Овче Поле“ не заборави да ги потсети денешните домаќини на резултатот од претходниот меѓусебен натпревар кој тимот од Свети Николе го доби со 3:0.

Принтскрин: Твитер

„Осогово“ во еден твит буквално наброја се што постои во Свети Николе.

Принтскрин: Твитер

Кочанчани го претставија и гостинот на денешното дерби.

Принтскрин: Твитер

Светиниколчани пак се пофалија со најдоброто од градот, и го препорачаа на домаќините после натпреварот.

Принтскрин: Твитер

Автобусот на „Овче Поле“ тргна за Кочани, но гостите стравуваат за евентуални незгоди во кои можат да најдат играчите, ни криви ни должни, поради вечното ривалство во Источна Македонија кое нема врска со денешниот натпревар.

Принтскрин: Твитер

Видео на денот