Турција го осудува италијанскиот парламент

Министерството за надворешни работи на Република Турција, преку соопштение го осудува италијанскиот парламент за прифаќање на нацрт резолуција која содржи тврдења за „наводниот геноцид врз Ерменците“ во врска со случувањата во 1915 година.
„Нацрт резолуцијата од 10.04.2019 е новиот пример како Советот на претставниците на италијанскиот парламент ерменските тврдења ги користи како средство за внатрешните политички интереси“, се вели во соопштението на МНР на Турција.
Во соопштението се потенцира дека секој потфат што прави политизација на историјата, како што е и оваа резолуција, нема никаква валидност за Турција.
Имено, италијанскиот парламент, со 43 воздржани и 382 гласа „за“ ја прифати резолуцијата којашто предвидува официјално признавање дека имало геноцид врз Ерменците и нејзина протекција во меѓународната заедница.