Турската владејачка партија ќе поднесе жалба за пребројување на сите гласови во Истанбул

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Потпретседателот на турксата владејачка партија, Али Ихсан Јавуз, соопшти дека е поднесена  жалба до Врховната изборна комисија за пребројување на сите гласови во Истанбул.

„Постои организарана нерегуларност и организирана злоупотреба на избројувањето на гласовите.“ истакна Јавуз.

Тој најави дека е поднесена жалба за пребројување на сите гласови во Истанбул, освен областа Бујукчекмеџе. Јавуз рече дека во таа област ќе биде побарано целосно поништување на изборите.

Според актуелните резултати, кандидатот на опозициската партија на ЏХП, Екрем Имамоглу, води со 48,80% добиени гласови наспроти кандидатот на владејачката АКП, Бинали Јилдирим со 48,55% добиени гласови.

Видео на денот