Ципрас: Ни беа потребни 30 години за да воспоставиме нормални односи

На заедничката прес-конференција помеѓу Заев и Ципрас во Скопје, двајцата премиери истакнаа дека и двете земји сега конечно градат пријателски односи.

– Учиме од историјата, но и правиме наша сопствена историја. Мојата посета е прва официјална посета на грчки премиер во вашата земја. Изгубивме многу време, три децении, треба да трчаме, да брзаме за да ги премостиме тие јазови. 30 години ни беа потребни да ги воспоставиме овие нормални односи – истакна Алексис Ципрас.

Како што додаде Ципрас, тој и Заев сакаат да изградат поинаква историја, да го сменат наративот на традиционална омраза и поделби меѓу овие две земји.

Видео на денот