Тереза Меј бара одложување на брегзит до 30 јуни

Фото: Принтскрин

Тереза Меј побара од Европската Унија да се одложи датумот за брегизит, па наместо на 12 април, тоа да се случи на 30 јуни оваа година.

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, испрати писмо до првиот човек на Европскиот совет, во кое пишува дека излегувањето од ЕУ може да се случи и пред 30 јуни, ако во меѓувреме парламентот го прифати постигнатиот договор меѓу британската премиерка и лидерите во Брисел.

Барањето на британската влада треба да биде разгледано и прифатено од сите 27 земји членки, по што ќе следува одговор. Ако некоја од нив е против, тогаш Британија без договор ќе ја напушти Унијата уште на 12 април следната недела.

Видео на денот