Тенката црвена линија на Албин Курти

Сеад Ризвановиќ / Приватна архива

Како што вели еден угледен приштински аналитичар, косовската независност не е заслуга на Тачи, Харадинај или Курти, туку исклучиво на напорите на меѓународната заедница, и тоа мора да го запамети секој косовски политичар.

Кратката криза на северот на Косово, предизвикана со проблемот со меѓусебното признавање на регистерските таблички меѓу Србија и Косово, се реши со посредство на Европската Унија, а специјалниот пратеник на Брисел за дијалогот на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, успеа да ја деескалира состојбата.

Решението со кое косовските специјални сили РОСУ се повлекуваат од северот на Косово, а Србите ги отстрануваат блокадите на приодите на граничниот премин, за српскиот претседател Вучиќ е „победа“ за Белград, додека косовскиот премиер Курти, кој исто така прогласи „победа“ за Приштина, за кризата го обвини„национализмот” на Вучиќ.

Сепак, гледано од страна,начинот на кој се реши кризата претставува опомена за Курти дека едностраните безбедносни акции, без дозвола од меѓународната заедница, нема да бидат поддржани од западните земји, без разлика што тие ја поддржуваат независноста на Косово. Симптоматично е што Курти ги прати РОСУ на северот токму сега, пред локалните избори на Косово, иако се работи за проблем стар 20 години, што се регулира пред осум години со Бриселскиот договор. Голема е веројатноста дека Курти решил вака да добие некој дополнителен политички поен пред изборите, но исходот му се врати како бумеранг.

КФОР не е на располгање на Курти

На самиот почеток на кризата, кога косовските специјалци дојдоа на северот и кога беа поставени српските блокади, беше впечатливо што никаде на теренот ги немаше силите на КФОР. Тие не се распоредија ниту во деновите кога Србија почна да лета со воени авиони и хеликоптери на самата гранична линија со Косово, иакообласта ја надлетуваше хеликоптер на КФОР. Тоа беше јасна порака на меѓународната заедница дека тие не стојат зад потегот на Курти и немаат намера да му стојат „на располагање“.

Косовскиот премиер Албин Курти подолго време спроведува политички ризична игра со која предизвикува незадоволство во Вашингтон и Брисел. Таквото однесување Курти го демонстрираше со изјавите за спојување на Косово и Албанија, потоа сововедувањето такси за работниците од Србија и Босна и Херцеговина (поради штои беше сменет од првата премиерска функција), па сѐ до вербалните препирки со американскиот амбасадор во Приштина. Познат е неговиот директен судир со претставникот на поранешниот американски претседател Трамп за Косово, Ричард Гренел. Гренел го обвинуваше Курти дека работи против косовската независност. Овој анимозитет на контроверзниот Гренел со Курти може да се смета за исклучок, иако не треба толку лесно да се отфрли, бидејќи за првпат по 1999 година и тогашната интервенција на НАТО еден американски претставник зборуваше директно против некој косовски лидер.

Отворениот Балкан и за Косово

Објективно, почнувајќи од најреалните српски аналитичари, па сѐ до најтврдокорните тамошни националисти, никој веќе не верува дека Косово може повторно да биде дел од српската држава, но од друга страна реални се шансите целосното признавање на косовската независност да се продолжи до недоглед.

Во овие моменти, САД у ЕУ го спроведуваат проектот за “Отворен Балкан” во кој е нагласена улогата на Србија и Албанија. Црна Гора, БиХ и Косово засега одбиваат да учествуваат во планот, плашејќи се од српската доминација, но се работи за прилично неразумни аргументи, бидејќи проектот ги разработува истите околности што треба да ја олеснат интеграцијата на целиот регион во ЕУ. Западот сака да го интегрира и да ја развие соработката во регионот на Западниот Балкан, што може да наликува на концептите за “Нова Југославија”, но суверенитетот на сегашните балкански држави не се доведува во прашање, туку тие би се стимулирале за меѓусебна соработка и слободно движење на луѓе и стоки. На тој начин, Вашингтон и Брисел сакаат да создадат барем привремена замена за блокираниот европски пат, но и да подигнат брана за руското и кинескотоекономско и политичко влијание на Балканот. За тоа ќе послужи и европскиот пакет од девет милијарди евра наменет за Западниот Балкан, како и вложувањето на 600 милиони евра за градењето на брза железница во Србија.

Јагленот и геополитикта

Оттука, Белград не е само важен, туку е клучен фактор во западниот план за Западниот Балкан, и тоа Албин Курти би морало да го разбере. Како што вели еден угледен приштински аналитичар, косовската независност не е заслуга на Тачи, Харадинај или Курти, туку исклучиво на напорите на меѓународната заедница, и тоа мора да го запамети секој косовски политичар. Косово е независна држава и нема индикации дека тоа може да се смени, но Албин Курти мора да знае дека меѓународните односи ги движат интереси, а не љубов, и тој не смее да не ги согледува процесите кои се случуваат околу него.

Последниот во низата на погрешни потези на Курти е снебивањето на Приштина дали да се вклучи во гасниот проект во Александрополис, бидејќи „Косово има големи резерви на јаглен”. Приштинските политички стратези би требало да разбираат кој стои зад овој проект и кои се неговите енергетски, но и политички цели, па вклучувањето на Косовово него треба да е без размислување, дури да ги имаат и сите резерви на јаглен на светот.

Видео на денот