„Tencent“ го забележа најостриот пад на профитот за квартал

фото: EPA-EFE/Aleksandar Plavevski

Кинеската компанија „Tencent Holding“ го забележа најостриот пад на профитот за кварталот, погоден од регулаторните одобренија за нови игри во Кина и еднократните ефекти. Компанијата предупреди дека ќе забави со претставувањето на видеоигрите поради долгиот процес на одобрување, објави „Ројтерс“.

Народната република забави одобрувањето на нови игри во декември по 9-месечна пауза, која делумно се должеше на стравувања поврзани со содржината на насилство и зависноста кон игрите.

Таа сепак допрва треба да им овозможи на „Tencent“ – втората компанија по пазарна вредност во Азија, не може да им наплати на своите корисници за блокбастер игрите како „PlayerUnKnown’s Battlegrounds Mobile“ и „Fortnite: Battle Royale“.

„Бидејќи има значително задоцнување при лиценцирањето за монетаризирање на игрите во индустријата, планираното претставување на игрите ќе биде побавно во споредба со некои претходни години“, изјавија од „Tencent“.

Претседателот на „Tencent“, Мартин Лоу, рече дека изгледите пред гејмерскиот секторот ќе се подобрат во однос на процесот на лиценцирање и тоа дополнително ќе предизвика диверзификација на изворите на приходи.

Поради запирањето на одобренијата, „Tencent“ не можеше да заработува пари од некои од најпопуларните игри, поради што компанијата изгуби над 100 милијарди долари од пазарната капитализација во минатата година.

Нето-добивката за периодот септември-декември е намалена за 32% на годишна основа – најголем пад на акциите на „Tencent“ на берзата во 2004-та година до 14,2 милијарди јуани (2,1 милијарди долари). Ова е далеку под просечната проценка на аналитичарите од 18,3 милијарди јуани, според податоците на „Refinitiv“.

Падот се должи и на еднократни ефекти за 2,1 милијарди јуани поврзани со „Tencent Music Entertainment“ и други компании од портфолиото поради послабите перспективи пред профитот и условите на финансиските пазари.

Приходите во кварталот пораснале за 28% до 84,9 милијарди јуани (12,7 милијарди долари) на годишна основа, што е над просечната оценка од 83 милијарди јуани на 19 аналитичари.

Приходите на бизнисот со мобилни игри – најголемиот извор на приходи на „Tencent“, се зголемија само со 12% во четвртиот квартал на годишна основа до 19 милијарди јуани наспроти растот од 24% за целата 2018 година.

Од „Tencent“, велат дека планира да инвестира во својата основна инфраструктура и водечките технологии и дополнително да го прошири меѓународниот бизнис, истражувајќи нови гејмерски жанрови и меѓународни издавачки можности.

Онлајн-рекламирањето е зголемено за 44% во 2018 година до 58,1 милијарди јуани, поддржано од 55 проценти раст на приходите од социјални мрежи и други реклами.

Акциите на „Tencent“  паднаа за 2%, со што пазарната вредност на компанијата изнесува околу 449 милијарди долари.

Видео на денот