Телеком ќе исплати дивиденда по акција од 18,50 денари

Македонски Телеком АД – Скопје донесе предлог-одлука за исплата на дивиденда за 2018 година во вкупен бруто износ од 1.596.062.214,00 денари.

Бруто износот на дивиденда по акција е 18,50 денари, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 28.05.2019 година. Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе се изврши до 30.09.2019 година.

Друштвото ќе ги информира акционерите за исплатата на дивидендата со објава на веб-страницата на Друштвото како и со известување преку Македонската берза за хартии од вредност, по усвојувањето на Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2018 година и утврдување на дивиденден календар од страна на Собранието.

Видео на денот