Театар Комедија изведе „Театарски викенд на отворено“ на покривот на ГТЦ

Во срцето на градот Скопје, на отворена сцена на покривот на ГТЦ, минатиот викенд три вечери по ред се играа претстави во рамки на настанот „Театарски викенд на отворено“. Настанот беше организиран од Театар Комедија и Градски трговски центар.

Под отворено небо беа одиграни претставите „Вечера за глупаци“, „На отворено“ и „Чао, пријатно“. Сите изведби беа проследени со смеа и аплаузи, а актерите беа поздравени со многубројни овации од задоволната публика. Овој настан покажа колку им фалела комедијата на скопјани и колкаво значење има театарската култура во секојдневниот живот.

Од Театар Комедија се надеваат дека во текот на летото ќе има и други вакви прилики за театар на отворено, кога актерите на театарот би можеле да ги изведуваат нивните познати комедии на отворена сцена и да разнесуваат смеа во центарот на градот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 85, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-20 јуни 2021)

Видео на денот