Танушев му донесе бод на Пелистер против Силекс

Поради настапот во квалификациите на Лигата на шампионите, Силекс својот втор натпревар во домашниот шампионат го одигра денеска против Пелистер. Клубот од Кратово ремизираше против битолската екипа со резултат 2:2, прв поведе гостинот со погодокот на Фазлиу уште во шестата минута.
Непосредно пред паузата домаќините успеаја да израмнат благодарение на Мустафов, негов прв погодок сезонава. Во 53 минута Силекс дојде и до предност преку Ивановски, а во 76 минута бод за Пелистер донесе Танушев со прекрасен гол од слободен удар.
На тој начин и по две одиграни кола овие тима остануваат непоразени во Првата лига и моментно се на делба на првото место во генералниот пласман со по четири бодови.
Останатите мечеви (17.00 часот) од рундата ќе се одиграат викендов, во сабота Работнички-Беласица, а в недела Шкендија-Струга Трим Лум, Борец-Ренова, Академија Пандев-Вардар и Шкупи-Македонија ЃП.
Да додадеме уште дека Силекс својот меч во првото квалификациско коло од ЛШ ќе го има на 18 август на гостински терен во Азербејџан против Карабах.